Филипче за нови избори: Гласање ќе има кога на владата ќе ѝ снема пари

0
11

Опозициската СДСМ нема да го „предизвикува“ ВМРО-ДПМНЕ за да се оди на предвремени избори и нема да му дава алиби на премиерот за можната намера да се оди на гласање.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција рече дека изјавите на премиерот Христијан Мицкоски на оваа тема се контрадикторни – најавува дека тие владејачката партија сака редовни избори, но ќе бил за гласање пред рокот ако за тоа бидат предизвикани, иако не кажа од кого. Филипче го повтори ставот од пред неколку дена дека партијата нема да биде алиби за можните идни чекори на владејачкото мнозинство. Според Филипче, на избори ќе се оди кога на владата ќе ѝ снема пари.

„И кажавме – избори ќе има кога ќе им снема пари, затоа што тоа е концептот на нивното владеење. Кога ќе ги дотрошат сите пари за партиски тендери, тогаш ќе одат на избори. Нема да бара алиби, ниту ќе му дадеме ние како опозиција за предвремени избори“, рече Филипче одговорајќи на новинарски прашања

Коментирајќи ја најавената реконструкција на владиниот кабинет, Филипче истакна дека граѓаните не треба да очекуваат никакви позитивни промени или економски мерки кои би го подобриле нивниот стандард: „Ќе се заменат некои луѓе, ќе си ги заменат фотелјите и сѐ ќе биде исто“.

Денешната прес-конференција беше посветена на двете години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, Знам и Вреди. Филипче оцени дека државата се наоѓа во економска стагнација, европска изолација и институционален распад, со речиси целосно неисполнување на ветувањата дадени пред граѓаните.

„Навршуваат точно две години од формирањето на владата на Христијан Мицкоски и после две години граѓаните не добија ни повисок стандард, ни поквалитетен живот, ниту подобри услови за