ВИДЕО | Уште еден триумф за Македонија — Бојан Илиевски е победник на 19. сезона на „Ѕвездите на Гранд“

0
21

Македонецот Бојан Илиевски е победник на најновата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ за 2025/2026 година. Тој вчеравечер, во големото финале, ја освои најголемата поддршка од публиката со повеќе од 50 илјади СМС пораки, и ѝ ја донесе на Македонија четвртата победа во еден од најпопуларните регионални музички натпревари.

Дваесет и петгодишниот пејач, во текот на целата сезона беше меѓу најзабележителните кандидати, а неговите настапи беа под раководство на рокерот Ѓорѓе Давид. За Илиевски оваа награда е огромно признание за музичкиот талент кој го поседува и голем чекор кон најголемиот успех во карирата.

Оваа победа на Илиевски е уште еден доказ дека нашата земја има исклучителни музички таленти кои бележат големи успеси на регионалната сцена. Бојан стана четвртиот Македонец што успеал да стигне до самиот врв на „Ѕвездите на Гранд“, продолжувајќи ја успешната традиција на нашите претставници во Белград.