Во продолжението на операцијата „Армагедон“, српската полиција уапси шестмина мажи, од кои еден руски државјанин, под сомнение за преземање, складирање и споделување содржини создадени со експлоатација на деца за порнографски цели.
Постои сомнеж дека тие го правеле тоа подолг период, преку Интернет, со регистрирање лажни профили на социјалните мрежи и апликации, претставувајќи се како девојчиња на возраст од 11 и 12 години, со цел да стапат во контакт со малолетници. Осомничените барале и добивале фотографии и видеа со сексуална содржина од малолетници, се додава во соопштението. Во домовите и во другите простории што ги користеле осомничените, пронајдени се компјутери и компјутерска опрема, во кои, по прегледот, се откриени фотографии и видеа од сексуална експлоатација на деца на возраст од шест до 14 години.
Апсењето е извршено како дел од операцијата на Европол за борба против сексуалната експлоатација на деца преку Интернет, наречена „Пајтон“.









