Општина Тетово за преименувањето на улиците: Четирите влади во кои учествуваше ДУИ по 2007 година не ја усвоија како владина одлука

0
10

 

Реакција на Општина Тетово

Албанските судии во Уставниот суд, избрани во времето на претходната власт, наместо да го штитат албанскиот интерес во оваа институција, се занимаваат со дневна политика.

Вистината е дека одлуката за преименување на улиците во Тетово никогаш не стана правосилна, бидејќи четирите влади во кои учествуваше ДУИ по 2007 година не ја усвоија како владина одлука. Поради тоа, овие имиња никогаш не беа евидентирани ниту во Катастарот, ниту во Централниот регистар.

И покрај тоа, албанските судии во Уставниот суд не требаше да дозволат отворање на оваа постапка токму во период кога Општина Тетово е пред финализирање на процесот за официјално преименување на улиците во градот.

Тенденцијата е јасна: да се создадат меѓуетнички тензии. А зад оваа тенденција стои политичката партија која официјално ги дистрибуира соопштенијата на еден уставен судија.

Канцеларија за комуникации и односи со јавноста

Општина Тетово