„Мицкоски и Кочоска признава – буџетот е празен, Владата го зголемува дефицитот“, велат од СДСМ

0
14

СДСМ преку соопштение обвини дека Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски ја довела државата во состојба на зголемен буџетски дефицит и дополнително задолжување, оценувајќи дека најавениот ребаланс на Буџетот е потврда дека државната каса е испразнета.

Од партијата посочуваат дека министерката за финансии Гордана Кочоска признала дека целиот планиран годишен буџетски дефицит е потрошен уште во првите шест месеци од годината, а со ребалансот се предвидува негово дополнително зголемување.

„Ова е директна потврда на она што СДСМ го предупредуваше уште од почетокот на мандатот на оваа Влада“, наведуваат од партијата.