Директорот на албанската полиција: Функционерите на „Вреди“ беа слободни, придружбата беше проблемот

0
47

Задржувањето на македонските функционери од коалицијата „Вреди“ на граничниот премин Ќафасан не било поради забрана за нив, туку поради законска пречка за нивната придружба. Ова го појасни директорот на албанската полиција, Скендер Хита, по острите реакции во јавноста.

Според Хита, во возилото имало четири лица, од кои тројца – пратениците Беким Ќоку и Аднан Азизи, како и заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани – имале уредни дипломатски пасоши и им било дозволено да влезат во Албанија,

Трите лица со дипломатски пасоши беа информирани дека може да го продолжат патувањето. Но, четвртото лице во нивно друштво имаше законски пречки за влез. Функционерите тогаш самите одлучија да не патуваат и заедно се вратија во Македонија“, изјави Хита, нагласувајќи дека станува збор за редовна полициска процедура која нема политичка позадина.

Инцидентот претходно предизвика лавина реакции откако од „Вреди“ побараа официјално објаснување од Тирана, а во медиумите се појавија шпекулации дека македонските политичари се наоѓаат на наводен „црн список“ на Албанија поради поддршка на тамошните антивладини протести,