Цената на струјата ќе се намали, но се бара формула, изјави Мицковски

0
14

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека се бара формула од јануари идната година цената на струјата да се намали.

Веќе трета година од мандатот на Владата цената на електричната енергија за граѓаните не само што не е поскапена туку се обидува да се најде формула од јануари да поевтини“, изјави денеска Мицкоски во одговор на новинарско прашање за обвинувањата за тешка есен за граѓаните. Тој додаде дека во времето на владата на СДСМ и ДУИ цената на струјата пораснала за една третина.

„Тоа се мерливи, компаративни резултати и бројки и по тоа можеме да се споредуваме, а не по лажна политичка реторика“, рече Мицкоски. 

Тој оцени дека опозицијата ќе продолжи да шири дефетистички сценарија за тоа дека земјата е во криза, дека нема пари и вели оти тоа е резултат на нивната незрела политика, но дека нивна цел како Влада е да направат сè за животот на граѓаните да биде подобар. Тоа, рече, додека е тој премиер, ќе биде приоритет и во насока на тој приоритет ќе се движат политиките на оваа Влада.