Александар Лазаров – Цуна, бегалецот од Полициската станица во Кочани повторно уапсен

0
11
Screenshot

Полициски службеници од СВР Скопје – Одделение за потраги, вчера го привеле 41-годишниот Александар Лазаров Цуна од Кочани, по претходно добиени оперативни информации.

За Лазаров, како што соопшти МВР, беше распишана централна и меѓународна потерница по барање на Основниот суд во Кочани за сторено кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик

Лазаров претходно беше во бегство, откако пред четири дена избега од Полициската станица во Кочани.

По приведувањето, Лазаров е спроведен во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

– Лишен од слобода Александар Лазаров кој избега од Полициска станица во Кочани

 

 

На 14.07.2026 по добиени оперативни информации за лице за кое од страна на МВР е распишана централна и меѓународна потерница, од страна на полициски службеници од СВР Скопје-Потраги од слобода е лишен Александар Лазаров (41) од Кочани.
За Александар Лазаров беше распишана потерница по барање на Основен суд Кочани осомничен за сторено кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка – се посочува во објавата на МВР.