Се офајдил со над 55 000 евра – ги ставал во џеб парите од тетовските студенти

0
61

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Тетово против вработен на Тетовскиот универзитет, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување и за фалсификување исправи.

Според полицијата, пријавениот А.З. работел како административен службеник – виш соработник за логистика и теренско работење во периодот од март 2020 до февруари 2023 година. Во тој период, наместо паричните средства што студентите му ги доверувале во готовина за плаќање на партиципација, кофинансирање и други трошоци за студирање да ги уплати на сметката на Универзитетот преку системот „Е-pay“, тој земал за себе

„Со цел да го прикрие присвојувањето на паричните средства и трагите од стореното кривично дело, пријавениот изработувал фалсификувани потврди за наводно извршени уплати преку апликацијата Е-pay, кои им ги предавал на студентите како доказ за извршена уплата. За нивната изработка искористил податоци, вклучително и QR-код, од автентична потврда за извршена уплата преку Е-pay со банкарска картичка на неговата сестра, по што со измена на податоците за уплаќачот, износот и датумот на уплата ја преправал потврдата и така фалсификуваните потврди им ги доставувал на студентите. Студентите, верувајќи дека уплатата е извршена, ги прикачувале потврдите како прилог („attachment“) во електронскиот систем и истовремено ги доставувале до студентската служба како доказ за извршена уплата“, стои во соопштението на Финаниската полиција.