“Во интерес на истрагата” може да умре пациент, вели Пановски

0
248

Микробиологот Никола Пановски преку објава на социјалните мрежи упати остри критики за постапувањето во случајот во Гостивар, користејќи хипотетичко сценарио со пациент кој се лекува со симптоми на труење.

Во својата објава, Пановски опишува ситуација во која обвинителството, поради сомнеж за намерно труење или труење од небрежност, наложува лабораториски анализи, но нивните резултати не им се достапни на лекарите бидејќи, како што наведува, се задржани во интерес на истрагата. Според неговото сценарио, причината за труењето му е позната само на обвинителството, додека лекарите не располагаат со информациите неопходни за лекување на пациентот, кој во меѓувреме починува.

Пановски додава дека по завршувањето на истрагата би се утврдило дека постоел лек кој можел да го спаси пациентот, но тој, како што наведува, станал „колатерална штета“ поради недостапноста на резултатите.

„Секоја сличност со Гостивар е намерна“, напиша Пановски, додавајќи дека, според неговото сценарио, по завршувањето на истрагата семејството на пациентот би ги тужело обвинителството за убиство, а здравствените власти за непружање помош.