Невремето кое што вчера го опустоши главниот град зад себе остави големи материјални штети. Оштетени се повеќе објекти од витално значење, меѓу кои и часовникот на Музеј на град Скопје. На фотографијата која се појави на социјалните мрежи, може да се види дека оштетена е стрелката која ги означува секундите на часовникот.
Во Скопје оштетени се повеќе објекти државни објекти как меѓу кои објектите на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), комплексот „Вили Водно“, Аеродромската полициска база Петровец, објектот „Нова Македонија“, како и објектите на Министерството за финансии, Министерството за земјоделство и Јавното обвинителство









