Што се случува со водата во Македонија, и во Крушево е загадена

0
24

Водата за пиење од градскиот водовод во Крушево е бактериолошки неисправна, поради што на жителите им се препорачува за пиење да користат исклучиво пакувана вода, соопшти јавното комунално претпријатие ЈП „Комуна“

Од ЈП „Комуна“ – Крушево соопштија дека водата од градскиот водовод може да се користи за лична хигиена, подготовка на храна, перење и миење садови само по превривање од најмалку 10 минути.

Препораките ќе останат во сила сè додека не се добијат три последователни исправни примероци од водата. Од Центарот за јавно здравје – Прилеп најавија дека ќе бидат во постојана комуникација со надлежните институции и навремено ќе ја информираат јавноста за состојбата.

По хаваријата со водоводот во Гостивар, Крушево е трет град во само неколку денови каде е забранета водата за пиење од градскиот водовод.

Претходно, бактериолошки неисправна вода беше регистрирана во Валандово, а денеска се појавија информации дека неисправна вода се пиело и во Лешок