Во Гостивар уште 4.000 пациенти а ВМРО-ОКГ вели дека СДСМ шири дезинформации“, велат од СДСМ

0
24

СДСМ преку соопштение обвини дека, додека ВМРО-ДПМНЕ тврди оти опозицијата шири дезинформации и паника околу состојбата со водата во Гостивар, бројот на заболени продолжува да расте.

Од партијата велат дека во изминатите неколку дена се регистрирани речиси 4.000 пациенти, а болницата во Гостивар е преполна

Според СДСМ, водата сè уште не е безбедна ниту за техничка употреба, поради што прашуваат дали ваквата состојба може да се нарече „дезинформација“.