Најкритичната фаза со епидемијата во Гостивар изгледа е надмината затоа што таа се смирува, но за министерот за здравство, Сашо Клековски, е загрижен дека сега може да се појават нови заразни заболувања, како жолтица.
Клековски на денешната прес-конференција соопшти дека во последните четири дена бројот на нови први прегледи се движел меѓу 80 и 125 дневно, но засега не може прецизно да се утврди колкав дел од нив се директно поврзани со епидемијата, а колкав претставуваат вообичаена здравствена состојба.
„Во јули, според повеќегодишните податоци, просекот во Гостивар бил околу 25 пријави за заразни заболувања, па ќе треба епидемиолошките анализи да покажат што е последица на епидемијата, а што е редовна појава“, рече Клековски.
Во консултација со Комисијата за заразни болести е одлучено да се воведе здравствен надзор во постакутната фаза на епидемијата. Посебно внимание ќе биде насочено кон навремено откривање на хепатит А, хепатит Е и други заразни заболувања што би можеле да се појават по завршувањето на епидемијата.
Клековски најави дека до Центарот за јавно здравје, здравствените установи и матичните лекари ќе бидат испратени упатства за понатамошно постапување, како и насоки за информирање на населението.
Истовремено, Министерството за здравство започнува подетална анализа на текот на епидемијата, користејќи ги податоците од официјалниот систем за пријавување заразни болести, како и сите евидентирани случаи со дијагнози поврзани со ентероколит и слични заболувања од 1 јуни наваму.
Водата во Гостивар ќе може повторно да се користи за пиење кога ќе има три последователни негативни тестови од испитаните примероци, рече министерот. Тој нагласи дека според прописите не постои „техничка вода“ и дека тоа е термин што најчесто го користат јавните комунални претпријатија.
„Постои класификација на водата од прва до петта категорија. Водата од прва категорија е погодна за лична употреба без третман, додека кај петтата категорија со ниту еден третман не може да ја оспособите за каква било употреба, вклучително и за наводнување во земјоделството. Според експертите за хигиена, вода за употреба е онаа што може да се консумира, односно да се внесе во дигестивниот тракт, вклучително и преку храна, како миење салати, а нетермичка обработка на храна претставува ризик. Се што е надвор од тоа може да се употребува за лична хигиена и за други цели“, рече Клековски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата.
Опозицискиот СДСМ реагира на стравувањата на Клековски за можната појава на жолтица во Гостивар и нагласи дека токму тоа го нагласил нивниот лидер д-р Венко Филипче минатата недела. „Јасно е дека човек како Клековски, без знаење и без стручност, не може да се носи со ваква ситуација. Прво ја доведоа до оваа точка. Потоа ги криеја податоците и ја префрлаа одговорноста заради политички поени. Сега ќе доведат до сериозни последици за здрав









