И во Прилеп проблеми со водата за пиење

0
10

Општина Прилеп ги предупреди жителите на селата Ореовец и Леништа дека водата од локалните јавни чешми не е здравствено исправна, откако лабораториските анализи покажале присуство на бактерии, поради што се препорачува посебна претпазливост.

Според соопштението, водата од локалниот водоснабдителен систем во Ореовец, односно од јавната чешма во центарот на селото, содржи бактерии од цревно потекло и зголемен број бактериски колонии на 37 степени, објави 4news.mk Поради тоа, водата не смее да се користи за пиење без претходно вриење во траење од најмалку 10 минути.

Во селото Леништа, пак, анализите на водата од јавната чешма во центарот на селото покажале присуство на бактерии од цревно потекло, како и зголемен број бактериски колонии на 22 и 37 степени. За оваа вода надлежните препорачуваат воопшто да не се користи за пиење.

Од Општина Прилеп посочуваат дека за двата водоснабдителни објекта е неопходно да се обезбеди соодветно техничко решение кое ќе овозможи редовна дезинфекција на водата, со цел таа повторно да биде безбедна за употреба