Авионска несреќа во Хрватска, неколку лица го загубија животот

0
142

Мал авион се урна денеска во областа Медулин во Истра, а според првичните информации има и жртви.

Полицијата во Истра соопшти дека пријавата за несреќата ја добила во 11:25 часот. Авионот се срушил во Кампанож, ненаселена област на административната граница меѓу Пула и Медулин.

На местото на несреќата веднаш биле испратени екипи на итната медицинска помош, пожарникари и полициски службеници, кои преземаат мерки за утврдување на причините за падот на леталото.

Службеникот за односи со јавноста на полицијата, Ален Пачиќ, потврдил дека во несреќата загинале неколку лица, но засега не е соопштен точниот број на жртви