Повторно скокна цената на нафтата

0
78

Цените на нафтата на светските берзи денеска забележаа раст од околу два отсто, откако официјалните податоци на американската Администрација за енергетски информации (EIA) покажаа шести последователен неделен пад на залихите на сурова нафта во САД.

Овој тренд предизвика нов бран на поскапување на светскиот енергетски пазар, при што меѓународната референтна нафта брент се искачи на околу 97,6 долари за барел, додека американската сурова нафта WTI достигна ниво од 95,7 долари за барел.

Според извештајот на EIA, залихите на сурова нафта во САД минатата недела се намалиле за дури 7,97 милиони барели, што претставува најголем неделен пад од февруари и е речиси двојно повеќе од прогнозите на аналитичарите кои очекуваа намалување од четири милиони барели.

Покрај пазарните фактори, растот на цените е дополнително поттикнат од геополитичките случувања и изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека Иран наводно се согласил да не развива нуклеарно оружје, како и од навестувањата за можна средба со иранскиот врховен лидер Мојтаб Хамнеи.

Сепак, тензиите меѓу Вашингтон и Техеран остануваат на високо ниво додека траат преговорите за привремен мировен договор, што дополнително се комплицира со новите израелски воени операции на територијата на Либан.