Бели волци од ЗОО Скопје ископале дупка и избегале од живеалиштето, па усмртиле кенгури и ему птици

0
23

Во саботата неколку бели волци од Скопје ЗОО избегале избегале од нивното живеалиште, по што нападнале и усмртиле четири кенгури и неколку ему птици во скопската зоолошката градина, пишува порталот Петс.мк.

Како што пренесува Петс.мк повикувајќи се на свои извори, белите волци наводно успеале да ископаат дупка под нивното живеалиште и да избегаат, по што нападнале и усмртиле неколку кенгури и ему птици. На вработените во Зоолошката градина им требале неколку часа да ги фатат волците и да ги вратат во живеалиштето.