ВИДЕО | Снимки од земјотресот во Мексико: згради се нишаат како да се од картон

0
184
Screenshot

На социјалните мрежи се објавени снимки од снажниот земјотрес кој денеска го погоди југот на Мексико. Според последните информации, јачината на потресот била 7,4 степени според Рихтеровата скала. На видеата се гледа моќта на земјотресот, кој ги разнишал дрвјата и куќите, зградите и автомобилите во поголемиот дел од државата Чиапас.

Засега нема информации за евентуални жртви и повредени, а земјотресот, кој се случи на крајниот југ на Мексико, се почувствувал силно и во соседните држави Ел Салвадор и Гватемала. Издадено е предупредување за цунами.

ВИДЕО