Град Скопје ја поправа подната фонтана на плоштадот

0
10

Фонтаната која некогаш мамеше погледи од скопјани, гости и туристи, фонтаната која беше едно од најпрепознатливите лица на центарот на градот, по повеќе од една деценија заборав, негрижа и пропаѓање, конечно се враќа во функција, информираше градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Ова повеќе нема да биде простор по кој ќе минуваат автомобили и тешки товарни возила.
Ова нема да биде запуштено место оставено на забот на времето.

Ова повторно ќе биде место за прошетка, за фотографија, за убавина, за гордост.
Место што ќе го разубавува плоштадот и ќе го претставува Скопје онака како што заслужува – достоинствено, модерно и препознатливо.

Во моментов се изведуваат градежните активности, а за само неколку дена подната фонтана повторно ќе заживее.
Во изминатиот период ги вративме во функција и „Лотосов цвет“, со децении заборавена фонтана, „Воин на коњ“, „Филип II Македонски“, „Олимпија“, „Паднати борци“, плоштадот „ВМРО“, а повторно засвети и Вечниот оган“, информираше тој.