ЕКС МИНИСТЕРОТ НИКОЛОВСКИ НА РАЗГОВОР ВО ПОЛИЦИЈА, ЗА ШТО БИЛ ПОВИКАН?

0
68

Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во владата на СДСМ и ДУИ, Љупчо Николовски пред неколку дена, поточно на 7 мај бил повикан во полициска станица на разговор, потврдија од МВР објавија повеќе медиуми..

„Лицето на 07.05.2026 по наредба на ОЈО е повикано на информативен разговор во СВР Скопје-Единица за економски криминал и корупција. Во тек се активности по што соодветно ќе ја информираме јавноста“, посочија од МВР.

Според информациите, разговорот е поврзан со сомнежи за злоупотреби при спроведување на јавна набавка во вредност од над 800.000 евра, реализирана во периодот кога Николовски ја извршуваше министерската функција. Од засега достапните информации, предметот се однесува на евентуално постапување спротивно на Законот за јавни набавки.

Надлежните институции сè уште немаат објавено официјални детали за случајот.