Во скопската населба Козле вечерва е заловен волк кој незаконски бил чуван како домашно милениче. Волкот бил врзан со ланец за бандера и како што соопштија од скопската зоолошка градина „бил мирен и питом“.
Тој е безбедно транспортиран до градината и во наредниот период ќе биде во карантин под постојан здравствен надзор од стручни лица. Волкот бил загрижен по пријава од загрижени граѓани за врзан волк во населбата по што пристигнале припадници на МВР, стручната служба од ЗОО Скопје и претставници од град Скопје.
Не можам да поверувам дека постојат толку несовесни поединци кои на ваков начин третираат диви животни, а притоа ја загрозуваат безбедноста на своите сограѓани. Ова не е само неодговорност, туку сериозна опасност за целата околина“, напиша градоначалникот на скопје орце Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил.









