ЗАПОЧНА СУДЕЊЕТО ЗА НАПАДОТ ПРОТИВ АРСОВСКА

0
556

Денеска во 10 часот започна судскиот процес против лицето обвинето за напад врз градоначалничката Данела Арсовска во Чаир, инцидент од кој имаше снимки на социјалните мрежи и после кој таа доби полициско обезбедување. Инцидентот се случи на 11 јули на улицата „Севастополска“ во Скопје, додека Арсовска со службени лица извршувала теренска проверка по пријава за бесправна градба и нелегални приклучоци на вода. Обвинетиот ќе биде спроведен од притвор во судница.

Додека градоначалничката заедно со овластени службени лица, присуствувала на локација по претходна пријава на граѓани во врска со бесправно градење и неовластено приклучување на водоводна и електропреносна мрежа на објект, обвинетиот пристигнал со електричен тротинет и ѝ се приближил заканувачки. Потоа физички ја нападнал, удирајќи ја најпрво по лицето и раката, а потоа со нога во пределот на левата потколеница. Откако присутните униформирани полициски службеници реагирале да го спречат во намерата, продолжил и вербално да ја навредува и да и се заканува, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.