Левичарскиот демократ Зохран Мамдани победи на изборите за градоначалник на Њујорк, според проекциите на американските медиуми објавени доцна синоќа.
Со преброени над 97 отсто од гласовите, 34-годишниот кандидат обезбеди недостижна предност, објавија неколку американски медиуми, повикувајќи се на податоци од Изборната комисија на Њујорк.
Неофицијалните резултати на веб-страницата на Комисијата покажуваат дека Мамдани освоил 50,4 отсто од гласовите, поранешниот демократски гувернер Ендрју Куомо 41,6 отсто, а републиканецот Куртис Слива 7,1 отсто, со помалку од 3-отсто од гласовите што остануваат да се пребројат.
Доколку резултатот биде потврден, Мамдани би станал првиот муслиман градоначалник на Њујорк – и еден од најистакнатите избрани противници на американскиот претседател Доналд Трамп.









