Поранешен свештеник на МПЦ-ОА од Ѓорче Петров, кој неколку години е расчинет, бил приведен од полиција за Задушница, каде неовластено извршувал црковни дејствија на помен за покојните.
Од Министерството за внатрешни работи изјавија дека се работи за лицето Б.П., кое било затекнато како „пее“ за покојниците, носејќи кандило и мантија.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.









