Материјални докази на судењето за Пулс: Дали во дискотеката имало водороден цијанид

0
138

Како што информираат од Јавното обвинителство, на претстојното рочиште се очекува да заврши сослушувањето на сведоците предложени од обвинителството, по што ќе започне изведувањето на материјалните докази. Предвидено е уште тројца оштетени да дадат исказ, но нивното присуство е неизвесно, па доколку не се појават, ќе бидат прочитани нивните претходно дадени изјави

Во новата фаза, доказната постапка ќе започне со обдукциските наоди изготвени од Институтот за судска медицина при Медицинскиот факултет во Скопје. Овие докази, како што посочуваат од обвинителството, треба да дадат одговори на клучни прашања поврзани со причините за смртта на жртвите, вклучително и евентуалното присуство на токсични гасови како водороден цијанид.

Од обвинителството наведуваат дека сите релевантни анализи се веќе извршени и ќе бидат презентирани од страна на вештите лица во судницата. Дополнително, ќе се разгледуваат и други околности поврзани со трагедијата, како условите