Над 200.000 лажни кондоми од Кина шверцувани како играчки во Европа

0
35

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) открила мрежа за шверц на фалсификувани кондоми кои биле дистрибуирани низ Европа, при што биле запленети повеќе од 200.000 парчиња со потекло од Кина.

Според информациите, кондомите биле лажно декларирани како играчки, а биле запленети во Романија, Србија и Шпанија. Вредноста на запленетата стока надминува 200.000 евра.

Од ОЛАФ предупредуваат дека производите не ги исполнувале здравствените и безбедносните стандарди на Европската Унија, бидејќи не биле тестирани за микробиолошка исправност, отпорност на кинење, биокомпатибилност, рок на траење и други задолжителни критериуми. објави Скопје1.мк