На првиот ден од новата година и нова инвестиција. За љубителите на зимските спортови, од денеска отворен е новиот скијачки центар „Михајлово“ и првата скијачка патека наречена „Македонија“. Снег на Кожув има, а скијачкиот центар се наоѓа на 35 километри од Кавадарци. Ресортот располага со ресторанско, хотелско и индивидуално сместување.
„Ова е прва стаза меѓутоа со тек на време за тука се замислени да се прават уште две стази. Не магаломански но за потребите на регионот за потребите на нашите жители. Кавадарци се впишува во мапата на градови каде што се развива туризмот. Ќе се бориме заедно со премиерот и Владата да го отвориме и граничниот премин кој е на само неколку километри со република Грција. И со тоа мислам ќе привлечеме многу туристи и од Грција и од други земји и поголем развој на туризмот“, изјави градоначалникот на општината Митко Јанчев.









