Пратеникот Салих Мурат: Во Владата има место за сите народи, освен за Турците

0
76

Пратеникот во Собранието на Северна Македонија, Салих Мурат, во писмена реакција по повод формирањето на новата Влада оцени дека турската заедница нема свој претставник во Владата, што, според него, претставува продолжување на дискриминацијата и исклучувањето на Турците.

Во објава на социјалните мрежи, Мурат наведе:

– Во новата Влада има место за сите народи, освен за Турците

Дискриминацијата и исклучувањето на Турците продолжуваат

„Со жалење и загриженост го осудувам тоа што раководството на една капитулантска, неодговорна, непринципиелна и недоследна партија, водејќи се исклучиво од сопствените теснопартиски интереси, до тој степен го наруши достоинството на турскиот народ во Македонија.

Без да биде постигнат програмски договор и без конкретен консензус околу владините политики, правата и достоинството на турскиот народ беа ставени настрана само за да се обезбеди министерска функција за партиските лидери, поврзана со Агенцијата за вработување.

Овој потег не е само одраз на лични амбиции, туку претставува и тешка неодговорност кон волјата на турскиот народ, кој тие тврдат дека го претставуваат.

Во новиот состав на Владата има место за Македонците, Албанците, Србите и Ромите, но нема место за Турците. Главната причина за тоа е непринципиелниот и слаб политички став на оваа партија. Стратешкото партнерство, кое со години беше градено со големи очекувања, денес, за жал, се претвори во партнерство заглавено во длабока криза на доверба