Претрес во Кисела Вода: Пронајдени дрога, дигитална вага и пари, уапсени две лица

0
38
Screenshot

Две лица се лишени од слобода по полициска акција спроведена во скопската населба Кисела Вода, при која биле пронајдени дрога, дигитална вага и пари.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 9 јули околу 22:20 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги привеле П.Ј. (38) и Д.Р. (28), двајцата од Скопје.

При претрес во домот на П.Ј., извршен по претходно обезбедена судска наредба, каде што бил затекнат и Д.Р., полицијата пронашла и одзела бела грутчеста материја, марихуана, дигитална вага и пари.

Од МВР соопштија дека по целосното документирање на случајот, против двајцата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.