ПРОНАЈДЕНА МРТВА 48-ГОДИШНА ЖЕНА ОД ЗЕЛЕНИКОВО, УАПСЕН Е ПОРАНЕШНИОТ СОПРУГ

0
13

48-годишна жена од селото Таор, Општина Зелениково, е пронајдена мрвта, а како што соопштија од Обвинителството, привенен е нејзиниот поранешен сопруг како осомничен за убиство. Жената била пријавена за исчезната на 26 јуни, по што беа преземени дејствија за нејзино пронаоѓање.

„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и екипи на МВР ноќеска вршеа увид на тешко пристапна шумска локација во близина на селото Летевци, каде што беше пронајдено безживотно тело на жена од Таор. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата, при што е потврдено дека смртта е насилна. Под сомненија за сторено кривично дело, лишен од слобода е поранешниот сопруг на жртвата, а задржани се и тројца негови пријатели. Се преземаат дејствија за целосно расчистување на настанот“, велат од Обвинителството.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека се уапсени С. Г. (51), кој ја пријавил жената за исчезната, З. М. (62), Г. Б. (64) и М. Д. (69).