На прашањето за денешните протести во Тетово, кои следуваат по одлуката на Уставниот суд за укинување на одлуката од 2007 година за имињата на улиците во Тетово, амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, изјави дека ЕУ ги поддржува одлуките на Уставниот суд како највисок правен орган во државата, но истовремено нагласи дека на патот кон европската интеграција од суштинско значење се и прашањата што ги засегаат етничките малцинства.
„Уставниот суд е највисокиот судски орган во државата. Од суштинско значење е неговите одлуки да се спроведуваат веднаш. Тоа е она што ние го поддржуваме. Исто така, прашањата поврзани со владеењето на правото и етничките малцинства се суштински дел од европската интеграција, затоа очекуваме институциите доследно да ги спроведуваат“, изјави Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија.









