ТОШКОВСКИ ВО ОТЧЕТОТ – МАКЕДОНИЈА СО НАЈМАЛ КРИМИНАЛ ВО ПОСЛЕДНИВЕ 2 ДЕЦЕНИИ

0
14

Министерот за внатрешни работи Тошковски, кој даде отчет за сработеното во изминатите две години, изјави дека МВР ги зајакнало институционалните капацитети и ја унапреди борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Од првиот ден ја презедовме обврската безбедноста да биде највисок приритет. Изминатите две години се соочивме со бројни безбедносни предизвици, но покажавме дека со посветеност, интегритет и меѓународна соработка, може да се постигнат видливи резултати, рече утрово министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

-Инвестиравме во опрема, обуки и нови технологиии. Денешниот отчет не е само изнесување бројки, туку е фактичка потврда за трудот и професионалноста на полициските службеници и сите вработени во МВР. Свесен сум дека пред нас има уште многу работа, безбедноста е процес што бара многу посветеност. Затоа, ќе породолжиме со иста енергија, јасна визија и определба да изградиме современо МВР кое ќе одговори на предизвиците – потенцира Тошковски.

Според него, да се биде припадник на МВР не е само професија, туку чест и одговорност.

-Остануваме секојдневно во служба на граѓаните и државата. Нашата цел е безбедна држава, стабилен систем и силни институции – истакна Тошковски

Тошковски како еден од најзначајните проекти го издвои реализирањето на „Безбеден град“ кој, како што рече, ќе се реализира на цела територија на земјата до крајот на годината.

-Во првите 5 месеци од воведувањето е забележано намалување на бројот на загинати во сообраќајните несреќи за 4о%. Во овој период се регистрирани повеќе од 120.000 сообраќајни прекршоци од кои 95% се за зголемена брзина на движење – рече Тошковски.

Тошковски рече дека земјава има најниското ниво на криминалитет од последните 20 години, при што ефикасноста е зголемена на 69%, а значително е зголемено откриваи сторители.

-Откриени се повеќе од 30 организирани криминални групи. Во областа на корупцијата сузбиени се 6 такви групи при што кривично се пријавени 146 лица и 18 правни