Во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје се читала посебна молитва за американскиот претседател Доналд Трамп и за САД, на денот кога беше одбележувањето на 250-годишнината од независноста на Соединетите Американски Држави, пишува „Религија.мк“.
Молитвата ја читал отец Михаил, а потврда за тоа е фејсбук-статусот на Слаѓана Аврамоска Митрис, активист на македонската дијаспора во САД. Таа сподели фотографија со отец Михаил и со потпретседателот на Сојузот на стопански комори (ССКМ), Орце Симов, а во коментар на објавата напиша:
Благодарна сум за посебната молитва и благословот што отец Михаил ги упати за нашиот претседател Доналд Трамп и за нашата земја – Соединетите Американски Држави, по повод Денот на независноста, овде во Македонија. Благодарна сум и за поддршката од потпретседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, г. Орце Симов, кој ни се придружи. Среќен 250-ти Ден на независноста, Америко! Да продолжиш да напредуваш сè посилно!“.
„Религија.мк“ побарала одговор од МПЦ-ОА за тоа дали ова било редовна процедура во сите храмови, на што од Црквата одговориле дека станува збор за самоиницијативна одлука на конкретниот свештеник.
Отец Михаил беше свештеник во црквата „Свети Јован“ во Капиштец, а од неодамна е преместен во црквата „Св. Богородица“ во центарот на Скопје, пишува порталот.









