СООПШТЕНИЕ НА ДУИ: НА ШВЕРЦЕРСКИ НАЧИН Е ОТСТРАНЕТА ПРЕДЛОГ-ОДЛУКАТА НА ДУИ И АЛИЈАНСАТА ЗА АЛБАНЦИТЕ ЗА ИМЕНУВАЊЕ НА УЛИЦИТЕ
На предлог на советниците на ДУИ и Алијансата за Албанците, денес, на седницата на Советот на Општина Тетово, побаравме нашиот предлог-одлука за именување и преименување на улиците и плоштадот во Тетово да биде разгледан како прва точка на дневниот ред.
Ова барање не беше прифатено, иако стануваше збор за најважното прашање за Тетово и неговите граѓани — прашање кое директно ги засега историјата, идентитетот и достоинството на градот.
Заради вистината и целосно информирање на јавноста, откако мнозинството не прифати оваа точка да биде разгледана прва, нашите советници одлучија да го блокираат продолжувањето на седницата. По ова беше свикан координативен состанок.
Иако ние не се согласивме со овој предлог, за време на координацијата самото општинско раководство предложи оваа точка да не се разгледува денес, седницата да биде прекината пред нејзиното разгледување и да продолжи по состанокот на Комисијата за именување на улици и плоштади, кој ќе се одржи утре во 15:00 часот.
Меѓутоа, НЕЧЕСНОТО општинско раководство и советниците на ВМРО–ВЛЕН не го испочитуваа ниту сопствениот „предлог“.
Во знак на револт поради игнорирањето на нашето барање и деградирањето на ова прашање, советниците на ДУИ и Алијансата за Албанците ја напуштија седницата на Советот.
Актуелната власт ја искористи оваа ситуација и на кландестински начин ја продолжи седницата, повлекувајќи го од дневниот ред нашиот предлог-одлука за именување и преименување на улиците и плоштадот во Тетово.
Овој чин докажува дека општинското раководство и мнозинството ВМРО–ВЛЕН никогаш немале искрена волја да го решат ова прашање. Нивната цел била избегнување на јавната расправа и отстранување на нашиот предлог од дневниот ред преку процедурални маневри.
Ова уште еднаш ги зајакнува нашите сомнежи дека општинското раководство, ВМРО и Уставниот суд дејствувале на иста линија за укинување на имињата кои ја одразуваат историјата на Тетово, враќајќи ги Тито и Ленин во срцето на градот.
Ги уверуваме граѓаните дека, и покрај валканите игри на ова општинско раководство и на молчаливите советници кои функционираат со партиски далечински управувач, ние ќе ја продолжиме нашата борба за отстранување на срамните имиња на „српскиот свет“ од улиците на Тетово.
Оваа борба ќе ја водиме преку сите законски и демократски механизми што ни стојат на располагање, гарантирајќи целосна транспарентност и континуирано информирање на јавноста.
❗️За да се избегнат бирократските лавиринти и понатамошното одолговлекување на работата на Комисијата, која цели 164 дена нема одржано ниту една седница, бараме во рок од 30 дена градоначалникот на Општината и Комисијата зад која тој се крие да му ја достават на Советот конечната листа со предложените имиња за улиците и плоштадот во Тетово.
За историјата и достоинството на Тетово не правиме политички пазарења ниту компромиси.









