ФОТОГАЛЕРИЈА| 25 години од злосторството во Непроштено: Сеќавање на Македонците киднапирани од терористите во 2001 година

0
20

По повод 25 години од киднапирањето и убиството на Македонците во конфликтот во 2001 година, во Спомен-паркот во село Непроштено се одржа комеморативно одбележување во чест на жртвите.

Со овој настан беше одбележана годишнината од свирепото убиство на Стојан Михајловски, како и од исчезнувањето на Крсто Гоговски, Цветко Михајловски и Васко Михајловски, кои се меѓу 12-те Македонци киднапирани за време на конфликтот во 2001 година.

Членови на семејствата, жители на Непроштено, претставници на институции и граѓани положија цвеќе и оддадоа почит на жртвите, потсетувајќи на трагичните настани кои оставија длабока болка кај нивните најблиски и во македонското општество.

Од присутните беше испратена порака дека сеќавањето на жртвите мора да се чува и пренесува на идните генерации, со надеж дека ваквите трагедии никогаш повеќе нема да се повторат.