Home Вести Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Заев да ги следи европските вредности и да си поднесе оставка

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да ги следи европските вредности и да си поднесе оставка

0
63

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денес им ја честита победата на изборите за пратеници во Европскиот парламент на сестрински партии од ЕПП, а притоа му порача на премиерот Зоран Заев да ги следи европските вредности и принципи и да си поднесе оставка поради сета стагнација во која минува државата во изминативе две години.

Почитувани, Зоран Заев спроведе внатрепартиска чистка само за да си ја осигура партиската позиција, затоа што знае дека заминува во длабока опозиција. Токму затоа и ги разрешува сите кои можат да му бидат опоненти во СДСМ. Зоран Заев наоѓа вина во сите, само не во него“, рече Мисајловски.

Тој додаде дека разрешувањето од партиските функции не ги решава проблемите на граѓаните и оти тие се незадоволни од министерот Спасовски, а не од потпретседателот Спасовски, оти скопјани се незадоволни од градоначалникот Шилегов, а не од потпретседателот Шилегов.

Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски, Петре Шилегов и Благој Бочварски се неспособни и до сега во раководењето на институциите покажаа никаков резултат. Токму затоа оставки мора да следат и од државните функции. Нивната неспособност не смее да се покрие само со партиски разрешувања. Управувањето со МВР и обезбедувањето на јавниот ред и мир не е позначајно од потпретседателската функција во СДСМ. Токму затоа Спасовски мора да си даде оставка и од министерската функција. Убиствата по улиците кои станаа секојдневие, вооружените грабежи и запалените автомобили се повеќе од доволна причина. Спасовски треба и мора да си замине. Администрацијата не е должна да ги трпи заканите на Манчевски. Граѓаните вработени во јавниот сектор заслужуваат почит и не треба да го трпат мобингот на Манчевски. Токму затоа Манчевски мора да си даде оставка и на министерската функција. Скопје и Штип година ипол стагнираат. Нема ниту еден нов проект, ниту една нова инвестиција, нема нови булевари, улици и паркови, како во Скопје, така и во Штип. Не знаеме дали Шилегов и Бочварски потфрлиле во извршување на партиските функции, но во извршување на градоначалничките работи потфрлија со сигурност, а за тоа добија и потврда од граѓаните на последните избори. Доколку Заев не ги разреши од државните функции целата јавност ќе види дека метлата е само една фарса за одвлекување на вниманието од секојдневното назадување. Потребна е целосна одговорност. Назадувањето на државата не се решава само со смена на директорчиња, потребна е колективна оставка на целата влада, на чело со Зоран Заев“, рече Мисајловски.