Заболени од Морбили во фабриката Леар во Тетово.

0
178

Според податоците на Центрите за јавно здравје од Тетово и Гостивар се работи за 14 пациенти заболени од мали сипаници од кои 8 се од Тетово, а 6 од Гостивар.

-Во насока на превентива во Тетово и во Гостивар службите периодов спроведуваат вакцинација на здравствените работници, за кои вакцинирањето против морбили е задолжително. Останатите граѓаните пак, кои се заинтересирани за вакцинирање, може да се обратат во епидемиолошките одделенија и да добијат вакцина бесплатно, изјавија од Центарот за јавно здравје Тетово .

Од Институтот за јавно здравје, информираа дека како превентивна мерка се презема проверка на вакциналните картони на сите вработени и вакцинирање на оние кои не примиле вакцини.