(Видео)Започнаа првите пробни возења на новиот шестосед на Попова Шапка со капацитет од 2500 скијачи на час.

До крајот на следниот месец ќе биде готов шестоседот на Попова Шапка.Од раководството на Центарот информираат дека при крај се активностите за поставување на сајлата, а до крајот на неделава треба да биде поставена и електрониката, по што останува да се завршат градежните работи на почетната станица, како фасадата и кровот.

Фирмата задолжена за изградбата на шестоседот Лајтнер на крајот на јуни треба да го предаде на Елем Турс, а во текот на летниот период ќе се изврши тестирањето на новата жичница,

Деновиве имаше неколку пробни возења на шестоседот кој ќе овозможи двојно зголемен капацитет на скијачи на Попова Шапка. Со неговото пуштање во функција во новата сезона на овој зимско-рекреативен центар до ски патеките ќе се превезуваат 2 500 скијачи на час.

Подолу е видеото од пробното возење на шестоседот