За прв пат полошка општина доби специјално возило за заловување на кучиња скитници.

0
75

Општина Гостивар поради предноста во згрижувањето на кучињата скитници доби специјално возило за заловување на кучиња скитници. Возилото им го предаде Центарот за полошки плански регион. Истото ќе се пушти во функција откако ќе се префрли и ќе се регистрира.

-Ние како општина сме третирале 24 кучиња. Ова возило е современо со него се фаќаат транспортираат кучињата. Кучињата скитници треба да се згрижат во објект на стара касарна, но општината се уште не ги добила сите потребни документи и дозволи за да функционира официјално поради бирократските процедури на централната власт. Ја разгледуваме можноста со невладините организации да се опреми друг стационар, рече градоначалникот на Општина Гостивар Арбен Таравари
Се предвидува и изработка на физибилити студија за Регионален центар за згрижување на бездомните животни. Досега ниту една општина од полошкиот регион го нема решено проблемот со кучињата скитници.