дома Вести Македонија Зендели: На инаугурацијата требаше да бидат поканети Силјановска, Река и Касами

Зендели: На инаугурацијата требаше да бидат поканети Силјановска, Река и Касами

0

Пратеникот на „Беса“, Фадил Зендели, смета дека е голем пропуст што на инаугурацијата на новиот претседател Стево Пендаровски не присуствувал премиерот Заев но и штто не биле поканети двајцата други кандидати Река и Силјановска.

Беше место премиерот да бида на инаугурацијата на претседателот на државата. Го гледам како пропуст неговото отсуство од една таква церемонија каде што имавме гости, претседатели на држави од соседните земји, а премиерот на државата го нема. Пропуст секако е и да не биде лидерот на опозицијата, без разлика каква била праксата во Собранието. Требаше да бидат поканети Силјановска, Река, Касами. Сите тие беа актери во целиот претседателски процес“, истакна Зендели.