Историски важна посета за цела Југоисточна Европа: Орбан утре во Белата ќука на средба со Трамп

0

Унгарскиот премиер Виктор Орбан утре ќе има прием во Белата куќа и средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Ова е историски важна посета за цела Југоисточна Европа.

Оваа година, Орбан е единствениот премиер од Југоисточна Европа што ќе има прием во Белата куќа.

-Претседателот Доналд Трамп ќе го пречека унгарскиот премиер Виктор Орбан во Белата куќа на 13 мај 2019 година. Препознавајќи ги долготрајните врски меѓу САД и Унгарија, претседателот и премиерот ќе разговараат за начините за продлабочување на соработката на голем број прашања, вклучувајќи трговија, енергија и сајбер-безбедност. Како лидери на сојузниците на НАТО, тие исто така ќе ги истражат можностите за исполнување на многуте национални безбедносни одговорности на двете земји и ќе ја прослават 20-годишнината на Унгарија како членка на НАТО, информираат од Белата куќа.