Конечно Тереза Меј се повлекува од функцијата

0
303

Со треперлив глас, Тереза Меј денеска го најави она што веќе долго време беше јасно. Се повлекува од челната позицијата во британската Конзервативна партија за точно две недели- на 7 јуни, а потоа и од и од премиерската функција, објави Дојче Веле.

По бројни кризи и понижувања кои ги доживеа поради излегувањето на Велика Британија од ЕУ, Меј остава простор за наследник кој ќе треба да донесе појасна слика за иднината на островот.

Во нејзината партија веќе започна трката за наследник. Како главен кандидат се споменува поранешниот градоначалник на Лондон и министер за надворешни работи Борис Џонсон, иако отпорот против него во либералното крило на партијата е голем.

„Јасно ми е дека е во најдобар интерес на земјата нов премиер да го предводи обидот (за Брегзит, н.з.). Затоа најавувам дека ќе поднесам оставка како лидер на Конзервативната партија на 7 јуни“, рече Меј.
Таа ќе остане да ја предводи владата до изборот на нов партиски лидер.
Тереза Меј беше избрана за премиер во јули 2016 година, а нејзиното владеење ќе остане запаметено по неуспешните обиди да се организира излез од ЕУ.