Немил инцидент ги вознемири утрово бугарските жители на градот Пловдив, кога автобус остана без својот покрив откако помина под еден мост на булеварот „Марица-Југ“, пренесе Трафикњуз.бг.
Возачот на автобусот проценил дека може да помине под мостот и покрај ознаките за максималната висина на возилата кои можат да поминат. При поминувањето автобусот останал без поголем дел од покривот. За среќа нема повредени.