Малолетен работник падна од висина од шест метри од гостиварски објект

0
224

Малолетник од Албанија додека работел на тераса на објект во Гостивар од засега непознати причини паднал од висина од шест метри и се здобил со тешки телесни повреди

„Од паѓањето на бетонската површина, албанскиот државјанин задобил тешки телесни повреди, пренесен е во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ и по укажаната лекарска помош, итно бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е комплетен увид и се утврдува причината за паѓањето, околностите во кои се случила несречата и се друго, рече портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.
Само лани на гостиварското подрачје има регистрирано вкупно 4- несреќи при работа. Една од нив завршила со смртни последици, со едно загинато лице, а во вакви несреќи 18 лица лани се здобиле со тешки телесни повреди.
-Во првите три месеци од оваа година, вкупниот број несреќи при работа на ова подрачје изнесува 14, во кои четири лица завршиле со тешки телесни повреди.Најголемиот број од несреќите се случиле при изведување на градежни активности, најчесто како резултат на човечко невнимание или некористење на соодветна заштитна опрема, односно непридржување кон пропишаните критериуми и стандарди за заштита при работа.“, соопштуваат од полицијата.