Метла пред вратата на Дескоска

0
139

Непознати лица денеска пред Министерството за правда оставиле метла. Министерката за правда Рената Дескоска ја прибрала внатре, но како што вели, за да мете криминал и корупција во Северна Македонија.

„Ви благодариме за овој златен подарок – златна метла. Златна метла во правда може да биде за метење криминал и корупција. Се надеваме дека со носењето на Законот за Јавното обвинителство, ќе се исполни оваа насушна потреба на граѓаните. Затоа, охрабрете се – заедно да го изгласаме и да создадеме можност да се измете криминалот и корупцијата!“, напиша таа на приватниот Фејсбук профил.

Дескоска ја фотографирала метлата за да ја објави со апел кон партиите да не го кочат повеќе Законот за јавно обвинителство. Овој закон, со кој се решава статусот на Специјалното обвинителство и иднината на отворените истраги, е услов за добивање датум за почнување преговори за членство во ЕУ. Услов е всушност првенствено и за добивање позитивен извештај од Европската комисија за спроведените реформи кои ни се дадени како задача.

Извештајот се затвора на 29 мај, рече вчера премиерот Зоран Заев и најави дека овој закон дотогаш ќе мора да се изгласа.сдк.мк