УНЕСКО бара мораториум на градење во Охрид!

0
184

 

Организацијата на Обединетите нации за заштита на светското културно наследство, УНЕСКО, во својот најнов извештај препорачува Охрид и регионот да бидат ставени на листата на загрозено светско наследство. Од УНЕСКО бараат да се прогласи мораториум на секакви урбани трансформации на брегот на езерото, но и на каква било урбанистичка трансформација.

Причина за тоа е недоволниот напредок до решавањето на проблемите во животната средина, земајќи ги предвид постојаните закани и големите градежни проекти во градот и неговата околина. Во извештајот се препорачува да се процени влијанието на нелегалните градби во заштитеното подрачје и да се урнат оние што претставуваат опасност за природното и културно наследство, објави Алсат М