Општина Тетово со превентивни мерки,  вреќи со песок долж реката Пена

0
216

Чистење на одводни канали, испумпување на насобрана вода на критични места, интервенција со градежна мехнизација на патниот правец Шипковица – Бродец и на другите шарпланински места, се само дел од превентивните мерки во тетовско, кои го зафатија обилни врнежи од дожд а нови врнежи се уште се најавуваат. – Имајќи ги во предвид информациите од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Северна Македонија и моменталната состојба со временските услови за интензивни врнежи од дожд Општина Тетово ги информира граѓаните декаги стави во целосна подготвеност сите мобилни тимови на ЈКП Тетово и на Територијална противпожарна единица од Тетово (ТППЕ).Исчистени се одводните канали на кружниот тек кај зелениот пазат, Блок 70, Улица К.Р Дрнц , Дреновец, подвозник на патот кај село Фалише, како и на други локации идентификувани како критични точки. Пред еден месец, беше направено и чистење на речните корита во селата Порој и Голема Речица, информираа од Општина Тетово. Водостојот на река Пена е на високо ниво, но не е критично. Денеска вработени од Тетовскиот клиничкиот центар поставуваа вреќи со песок позади објектите на болницата, каде воопшто нема изградено речно корито. Поучени од поплавите во 2015 година, велат дека мора навреме и превентивно да реагираат за да не биде доцна. Од Општина Тетово апелираат граѓаните да не ги паркираат своите возила во близина на одводните канали или во близина на шахтите, со цел да се обезбеди навремена интервенција на мобилните групи. Се повикуваат граѓаните да не остануваат на отворен простор или под осамени дрвја, во случај на електрично празнење, а во следните 48 часа да избегнуваат непотребени излегувања, пеш или со нивните возила.