ПОПЛАДНЕВО СРЕДБА ЗАЕВ – АХМЕТИ ВО ВЛАДА

 

Foto

ПОПЛАДНЕВО СРЕДБА ЗАЕВ – АХМЕТИ ВО ВЛАДА

Попладнево во Владата ќе се сретнат премиерот Зоран Заев и неговиот коалициски поатнер, Али Ахмети, потврдуваат за ТВ 24 партиски извори и од СДСМ и од ДУИ. Најавената реконструкција на Владата главна тема на средбата.

Таканаречената „метла“ премиерот Заев ја најави по првиот круг на претседателските избори и најави чистка во сите ешалони на власта.

Министрите на ДУИ цело време порачуваа дека за нивниот ангажман надлежен е исклучиво Ахмети.

Тој пак вчера повтори дека, според ДУИ, потребно е „ветинг“ на сите функционери. /24вести