По Пендаровски, Жбогар се сретна и со Сиљановска (ФОТО)

0
74

Шфот на Делегацијата на ЕУ амбасадорот Самуел Жбогар денеска, по средбата со новиот претседател Стево Пендаровски, се сретна и со Гордана Сиљановска-Давкова, која на претседателските избори беше кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.

Со Сиљановска-Давкова се согласивме дека иднината на земјата е во ЕУ. Сѐ уште треба многу работа за да се внесе ЕУ во секојдневниот живот на луѓето. Јас и мојата канцеларија ќе ги поддржиме сите граѓани на Северна Македонија да ја постигнат оваа цел, напиша Жбогар за средбата со Сиљановска.